ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје само му излезе во пресрет на Филипче

Од:

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на Зоран Заев. Кандидат за главниот град им е Каја Шукова која вели дека ќе се залага за чисто, уредено, и безбедно Скопје. Шукова се однесува како да не знае дека партијата од која е дел, и чиј министер за животна средина беше самата таа, не знае што значат поимите кои таа ги употребува“ велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став Шукова доаѓа од партија која само знаеше да протестира сама против себе кога станува збор за чисто и уредено Скопје. СДС очигледно само знае погрешно да постави темели и се знае дека потоа се оди во погрешна насока, работите не ни стагнираат, туку само одат во полоша насока. Па така откако ја преземаа власта во 2017 година наместо да се фатат за работа тие излегоа на протест и си протестираа сами против себе, или протестираа нивни пратеници, а тие беа на власт, нивен заменик министер за животна средина исто протестираше наместо да се фати за работа“.

Кога се доаѓа на власт значи дека граѓаните ви дале доверба и очекуваат институционално да се решаваат проблемите, а не тие кои треба да креираат политики да излезат на улици. СДС чиј кандидат е Шукова не направи ништо за седум години за општините, за градот, за воздухот, како и за санирање на низа проблем со кои се сочуваат граѓаните. Како и да е, Шукова му излезе во пресрет на актуелниот, како и на претходниот партиски шеф и прифати да биде кандидат за Скопје. Но, СДС, Филипче и Шукова како кандидат за Скопје, како и кандидатите за другите општини треба да знаат дека граѓаните точно знаат кој работи во нивни интерес. Јасно е дека тоа не е ова СДС“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ