ВМРО-ДПМНЕ: Се испитуваат сите причини кои доведоа до трагичниот настан во Кочани

Од:

Македонската јавност е сведок дека прв пат, како никогаш до сега државните институции посветено работат на целосно расчистување на трагедијата која ја потресе целата држава. За првпат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност. Во опсежна и сеопфатна истрага се испитуваат сите причини кои доведоа до трагичниот настан во Кочани и сите одговорни се изведуваат пред лицето на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Опсежната истрага на надлежните органи до сега опфати голем број на лица без разлика на нивната партиска или пак етничка припадност, сегашни или пак поранешни државни функционери. За само недела дена од трагедијата во сеопфатната истрага, опфатени се над 40-тина лица на кои им се одредени и мерки притвор. Меѓу уапсените има функционери од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ како и луѓе кои не се политички определени или ориентирани. Ова покажува дека органите на системот, како што се обвинителството и судството, иако лицата кои работат во нив се избрани од тефтерчињата на Заев и Ахмети, сепак знаат да работат професионално. Но вистинското прашање, е зошто на СДС сега им смета и го доведува во прашање нивното професионално работење?

Кога СДС зборува за селективна правда, треба само да потсетиме на трагедиите кои се случија во изминатиот период и во кои немаше сеопфатни истраги и немаше човек што понесе одговорност. Седум години власт на СДС, никој не понесе никаква одговорност и немаше приведени за трагедии како Ласкарци, Беса Транс или Модуларната болница, каде единствено „виновни“ беа каблите или пак шасиите. Вистинското прашање е зошто тогаш за тавите трагедии немаше сеопфатни истраги и зошто немаше приведени и одговорни лица, дали затоа што обвинителството и судството беа под директна партиска контрола на СДС? Трагедиите не треба да се користат за дневно, политичка пресметка, туку тие треба да не обединат сите без разлика на партиската, етничката или пак верската припадност во тагата и болката и да застанеме зад институциите за нивно целосно расчистување. За ВМРО-ДПМНЕ ова не е тема за политичка битка, туку на оваа трагедија гледа како на историски момент за целосно ресетирање на системот, нешто што и е потребно на Македонија, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС се обидува да дефокусира од својата внатрешна криза со подметнување на пожари?

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари

Ивона умре сама, без помош, без човечност, ја најдовме оставена во болницата – семејството Антови за ќерката која настрада во „Пулс“

Катерина Ѓуровски