ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го уништија системот и ја урнисаа довербата во институциите

Од:

„СДС со својот коалиционен партнер ДУИ го присвоија судството како да е нивно. СДС и ДУИ ги избираа судиите, кои палеа и гасеа во судството и не испорачаа правда. Судиите кои ги избраа криминалната коалиција на СДС и ДУИ, се докажаа како некадарни. Иџет Мемети призна дека земал поткуп, Наќе Ѓорѓиев исто призна дека земал поткуп, а сега и судијата Енвер Беџети е ставен на црна листа на САД поради поврзаност со корупција заедно со вицепремиерот на минатата власт на СДС и ДУИ, Артан Груби“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, „само во судството на криминалната коалиција на СДС и ДУИ, нема правда за Дурмо Турс, за модуларната болница, за онкологија“.

„СДС и ДУИ, треба да прифатат дека треба да понесат одговорност за нивните криминали и да прифатат дека народот повеќе не ги сака, односно рејтинзите им се рамни на статистичка грешка.

„СДС и ДУИ го уништија системот и ја урнисаа довербата во институциите. Затоа довербата е помала и од 2% во судството во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ работи на борбата против корупцијата и криминалот. Сите кои згрешиле пред законот мора да одговараат“ се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ