ВМРО-ДПМНЕ: Од авион се гледа дека власта не сака разрешница за Онкологија

Од:

Власта да не крие, уште колку функционери на Онкологија пишувале свои роднини за болни за да крадат цитостатици?

Кога директорот на Онкологија се дрзнал со лажни документи да ја пријави сопствената мајка за болна од рак на бели дробови, тогаш што се друго е правено за да се краде терапија?

Ковачевски, но и сите министри до сега почнувајќи од Таравари, Филипче, Сали до Меџити, не можат да манипулираат дека не знаеле.

Криминалот на Онкологија е огромен и монструозен и за него мора да има и поединечна и системска одговорност.

Не може со денови да не се знае ништо, сите инволвирани слободно да одат на работа, а со тоа да имаат можност и да прикриваат докази, а ЈО да не презема ништо, ниту пак да ги oстави министрите недопрени.

Од авион се гледа дека власта не сака разрешница за Онкологија. Системот е трул и потребни се промени.

Би можело да ве интересира

Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев бара укинување на притворот

Рочиште за аферата „Онкологија“: После одреден период сопругата нагласи дека не ја чувствува повеќе терапијата

Во Кривичен денеска треба да продолжи судењето за „Онкологија“

Одбраната на обвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Коцевски да го преземе предметот

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Кривичен треба да продолжи случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи