ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата со СДСМ во Струга во интерес на сите граѓани

Од:

Струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со свој став на прес-коференција во врска со коалицирањето на оваа партија со општинската организација на СДСМ и нивен заеднички настап на локалните избори закажани за 24 март.

Според пратеничката Лилјана Затуроска, коалицирањето помеѓу двете партии произлезе од, како што рече, непринципиелната политика која што во изминатите осум години ја водел градоначалникот Рамиз Мерко исклучиво врз етничка основа.

– Наместо да одиме со силни чекори напред, одевме со силни чекори наназад и сите проекти и вработувања практично беа водени и се реализираа врз етнички концепт. Ова беше барање на граѓаните на Струга да направиме коалиција која што ќе работи за интересите на сите граѓани, изјави Затуроска.

Кандидатот за градоначалник на Струга од ВМРО-ДПМНЕ и од пошироката коалиција во која влегуваат СДСМ и други партии од македонскиот политички блок доктор Владо Кочоски, истакна дека неговата програма со која ќе ја побара довербата на граѓаните е конципирана за сите жители на општината, без разлика на нивната верска, етничка и политичка припадност.

– Уште кога ја примив кандидатурата за градоначалник кажав дека ќе бидам градоначалник на сите луѓе што живеат во општина Струга. Се уште стојам зад тоа. Очекував дека и без ваква коалиција дека за мене ќе гласаат граѓани без разлика на етничката и верската припадност. Од мои пријатели кои се од различни религии, од различни политички партии и етникуми знам дека ќе ме поддржат, подвлече доктор Кочоски.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во четвртокот започнаа преговори за заеднички настап на локалните избори во Струга. Според договорот, СДСМ и другите коалициски партии ќе го поддржат кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а во продолжениот законски рок до ДИК доставија и заедничка листа за кандидати за советници во Советот на Општина Струга.

Нивната листа ја прифати ДИК, но Општинската изборна комисија донесе решение со кое ја отфрла како спротивна на одредбите од Изборниот законик. СДСМ го обжали решението во Управниот суд на Република Македонија кој пресуди во корист на двете најголеми партии од македонскиот политички блок во Струга, СДСМ и МРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар