ВМРО-ДПМНЕ кажа НЕ за поевтина струја

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]
Власта ја отфрли иницијативата на „АМАН “ за враќање на дневната евтина тарифа на струјата.
49 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, ДУИ, кои вербално ја подржаа, беа воздржани, а само четворица пратеници од редовите на Османи и Тачи застанаа зад иницијативата.
Власта ги повтори ставовите и причините зошто ќе гласаат против.

Социјалистката Владанка Авировиќ рече дека се против од чисто рационални причини. Тврдеше дека враќањето на ефтината тарифа ќе значело поскапување на струјата.

„Тој што нема пари, нема за целата сметка, не само за скапата тарифа“, рече Авировиќ.

Изет Зеќири рече дека поскапувањето на струјата е поради зголемените трошоци на на ЕЛЕМ и МЕПСО за речиси 400 проценти.

Од АМАН, укажаа дека тврдењата на власта нема никаква логика.

“Тие се изјаснија против волјата на 13 000 граѓани. Но, не се предаваме. Во моментов подготвуваме состанок и предлози за тоа како ќе продолжиме. Собирањето на над 100 илјади потписи на референдум е идеја која внимателно и со сериозност ја разгледуваме”, рече Алек Гоцев од движењето АМАН.

„Кој те подучуваше? На која партија ѝ припаѓаш? Треба да си одиш кај СДСМ“, со овие навреди власта се пресметуваше со Зорица Димовска од АМАН.

Димовска објасни дека не е партиски определена , немаат лидер, туку граѓанска свест.

Васко Пашевски од ВМРО ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не смее да се дозволи поскапување на струјата за сите граѓани, само за да се задоволи барањето на „Аман“.

– Со тоа ќе се зголеми увозот на електрична енергија дење и ќе се зголеми цената за сите – рече Пашевски.

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам во прва официјална посета на Блиски Исток

Ана Ололовска

Член на обезбедувањето во израелската Амбасада во Аман отворил оган кон Јорданец

Ана Ололовска

Во јавниот простор се бие битката за општествени промени

Емир Латифовиќ

(ФОТО) АМАН: Фронтот се шири, со масовност до конкретни резултати

Емир Латифовиќ

Една година од најмасовните социјални протести во Македонија

Емир Латифовиќ

„АМАН“ се откажува од битката за поевтина струја

Емир Латифовиќ