ВМРО-ДПМНЕ: Груби по професија е криминалец

Од:

Артан Груби ако мисли дека со шетање сам по телевизии ќе го испере криминалот на столетието поврзан со коридорите 8 и 10, тоа значи дека навистина не е свесен дека завладувањето на правната држава ќе почне токму од него велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Артан Груби мора да научи дека има разлика помеѓу успешен граѓанин на Македонија без разлика на националност и успешен криминалец од рангот на Артан Груби и Владата на ДУИ/СДС. Провидна е политиката на Груби и ДУИ кои секогаш глумат жртви на антиалбанска политика кога ќе бидат фатени во длабок и сериозен криминал како што е случајот сега. Впрочем Артан Груби не е вмешан само во овој случај, видовме и претходно дека обвинителството за него ќе има полни раце работа. Личните деградирања и навреди од страна на Груби кон било кој член од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден показател дека тој е само еден уплашен инкриминиран политичар кој свесен за криминалот кој и го прават на државата, еден ден ќе одговара заедно со сите инволвирани. На пример, Артан Груби или Димитар Ковачевски, наместо да се расфрлаат со празни флоскули едниот и гениталии другиот, можат да им објаснат на штипјани зошто ќе платат над 60 милиони пенали на странска фирма за автопатот уште пред да почне да се гради, а не се става во функција клиничката болница која ќе спаси илјадници животи.Тоа е се што треба да се знае за оваа инкриминирана Влада, наместо проекти за граѓаните во вредност од над 60 милиони евра, тие ќе платат толку пари за пенали за проект кој се уште не е почнат со реализација.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ, а треба јавно да кажат зошто дозволиле Груби да ги краде народните пари

Петрушевски: СДС да се охрабри да ја признае својата сервилност кон ДУИ, и за тоа да се извини на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Со молчењето за скандалите и криминалите на Артан Груби за да останат подолго на власт, СДС се негови соучесници