ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

Од:

„Венко Филипче е потрчко на Зоран Заев и тој едноставно не може да биде новото лице на СДС. Филипче е човекот на кој му изгореа 14 лица во модуларната во Тетово и тој не понесе одговорност. Филипче е човекот кој за време на короната ја стави Македонија високо на светската и европската листа, но по број на умрени луѓе. На ниво на свет ја стави Македонија на високото петто место по број на починати, а на нив на Европа по број на починати на еден милион на високото четврто место“ реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по ставовите што Филипче ги изјави денеска на 30-от конгрес на партијата.

„Фани Каранфилова Пановска која сака да ја продаде како нов лик е претседателка на Сорос Македонија. Каранфилова Пановска не е никаков нов лик, ниту лице заинтересирано за општо добро. Неа и се важни само парите или како директор на македонски Сорос, според јавно достапните информации месечно зема скоро 3.500 илјади евра“ велат од партијата.

Во реакцијата се вели дека „луѓето на Филипче се истите луѓе на Заев кои се второ име за корупција и криминал, воедно и назадување на Македонија на секој план“.

„Филипче, неврохируругот на Заев и 40 потрчковци се само синоним за корупција и криминал што резултираше со тонење на Македонија“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ