ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

Од:

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е срамен обид да ги затскрие своите криминали и коруптивни методи кои ги правеше додека беше министер за здравство. Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини. Наместо да го продолжи и олесни животот на болните од ковид, тој потпишуваше анекси на договори за модуларната болница во која изгореа живи 14 наши сограѓани“ реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на ставовите искажани од Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Од партијата велат „Поради неговите лоши здравствени политики починаа близу 10.000 луѓе во ковид пандемијата. Филипче е човек со дамки и лузни, кои ќе ги носи целиот живот“.

„И сите знаат за ова, само неговото и на Заев обвинителството, предметите ги чуваат во фиока. Затоа, Венко Филипче треба да одговара, затоа, правда мора да има“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери