ВМРО-ДПМНЕ: Дали насилството е дел од стратегијата на Филипче, кој му даде „зелено светло“ на Акиов?

Од:

Дали Аки Акиов, советникот од СДС кој нападна вработена во Советот на општина Кочани, сам решил да го направи истото или некој му дал „зелено светло“? Насилството доаѓа од партиски кадар на СДС, Филипче молчи и не се оградува од Акиов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали тоа значи дека тој ги тестира границите или можеби станува збор за враќање на услуга или затоа што ако прозбори може да се открие валканата мрежа што Филипче ја прикрива откако ја презема партијата?

Дали насилството е дел од стратегијата на СДС, или да креира тензии, да ја дефокусира јавноста и да создава паника? Дали Филипче и неговиот идол Заев му дале зелено светло на Акиов за вакво однесување? Кога советник од партија на чие чело е Филипче врши насилство, а партискиот врв молчи тоа веќе не е случајност туку е план. Дали ова е генерална проба или режија на СДС за предизвикување на паника во јавноста? СДС продолжува да биде систем за заштита на насилници, тврдат од партијта.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски