ВМРО-ДПМНЕ: Целта на СДС и ДУИ е да ги заштитат личните интереси, сценариото за меѓуетнички тензии е разбиено

Од:

„Сценариото за насилство и меѓуетнички тензии на ДУИ и СДС е откриено, разбиено и поразено. Целта на СДС и ДУИ е да ги заштитат личните интереси, а обидите за раздор се само инструмент за да си ги остварат политичките цели, наместо да бидат конструктивна опозиција и да работат за благосостојбата на граѓаните. СДС и ДУИ се обидуваат да создадат амбиент на нестабилност се со цел нивните криминални афери да не се обелоденат“ соопштија утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата се со став дека „потезите на СДС и ДУИ вклучуваат манипулирање со симболиката на македонското знаме, СДС и ДУИ очајнички се обидуваат да дефокусираат од нивните контроверзни дејства во страв и агонија од соочување со правдата“.

„Сите обиди на СДС и ДУИ за креирање раздор нема да бидат толерирани, а сите оние кои се обидуваат да ја загрозат стабилноста на македонското општество ќе се соочат со соодветни правни реперкусии и соодветен одговор на институциите. ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите црни сценарија и маневри на СДС и ДУИ кои имаат за цел дефокус и креирање вештачки кризи“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ