Влен: Не правиме компромис кога станува збор за квалитет

Од:

Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, ВЛЕН го презема следниот храбар и визионерски чекор: назначување на двајца од најподготвените и најпочитуваните кадри на нашето општество на клучни позиции, проф. д-р Азир Алиу, министер за здравство, и Албрим Хоџа, заменик-министер за земјоделство, велат од Вреди.

„Професорот Азир Алиу, неоспорна личност во областа на технологијата, иновациите и високото образование, ќе го води Министерството за здравство со јасен приоритет: дигитализација на здравствениот систем за модерна и ефикасна услуга за граѓаните. Во исто време, Албрим Хоџа, моќен глас на терен, со длабоко искуство во новинарството, руралната политика и проектите за развој на земјоделството, ја презема улогата на заменик-министер за земјоделство со непоколеблива мисија: безрезервна поддршка на земјоделците и селото. Назначувањето на овие двајца кадри јасно покажува дека ВЛЕН не прави компромис кога станува збор за квалитет и претставување. Знаеме дека граѓаните заслужуваат повеќе, а со овие луѓе во институциите, ќе имаат повеќе! ВЛЕН гради држава со знаење, храброст и правда, за народот, со народот“, тврдат од Вреди.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда