Влен: ДУИ се провидни и очајни од поразот што ги очекува на 19 октомври

Од:

ДУИ се провидни и очајни од поразот што ги очекува на 19 октомври. Со половина раководство на црни листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за „вредностите“ на Европската Унија, велат од Влен.

„Уште поиронично ДУИ, притиснати од резултатот што ги очекува на локалните избори, се здружија со анти-НАТО и анти-ЕУ партијата на Апасиев во Гостивар, Тетово и Струга. А сега зборуваат за ЕУ!

Ова е истата ДУИ што, и покрај отвореното противење од нашите стратешки партнери, го измени Кривичниот законик за да го простре црвениот тепих за враќањето на Никола Груевски и за да го ослободи од затвор Сашо Мијалков. Денес, оваа ДУИ одеднаш е „загрижена“ за европскиот пат, додека корупцијата отсекогаш ѝ била секојдневна практика.

Три блиц прашања за ДУИ:
Кога Али Ахмети имал последна средба со релевантен меѓународен фактор?
Дали добивте одговор на писмата што ги праќавте „низ светот“?

Зошто му дозволивте на градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен? За разлика од ДУИ, која ја користи ЕУ само како параван, а во позадина ја хранеше корупцијата, ВЛЕН преку Планот за раст и Реформската агенда ја приближува државата до европските стандарди со конкретни реформи и инвестиции, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски