Влен: Цените паѓаат, а семејствата заштедуваат речиси 2.000 денари месечно

Од:

Врз основа на податоците од ССМ – Сојузот на синдикати на Македонија, трошоците за храна и пијалаци за четиричлено семејство се намалиле од 23.427 денари во февруари на 21.280 денари во април – намалување од 1.947 денари. Падот на цените е резултат на мерката за замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи, која беше во сила од февруари до април 2025 година, тврдат од Влен.

„Ова достигнување е резултат на неуморната работа на министерот за економија, Бесар Дурмиши кој, како член на коалицијата ВЛЕН, го води Министерството за економија и труд. Според пресметките на ССМ, трошоците за храна и пијалаци за четиричлено семејство се движеле на следниов начин:

Февруари – 23.427 денари

Март – 21.838 денари

Април – 21.280 денари

Според ССМ, од февруари до април 2025 година, трошењето за храна и пијалаци се намалило за 1.947 денари. Ова намалување на потрошувачката, заедно со намалувањето на инфлацијата (која во март изнесуваше 2,7%), јасно го покажува успехот на мерката на Владата и нејзиното директно влијание врз намалувањето на трошоците за живот.

Исто така, важно е да се напомене дека Владата ВЛЕН, од почетокот на својот мандат, континуирано работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку низа социјални и економски мерки. Во оваа насока, Министерството за економија и труд изготвува нов модел на потрошувачка кошничка, кој ќе се базира на реални податоци од институциите и ќе ги одразува реалните трошоци за живот на граѓаните, изјавија од Влен.

Би можело да ве интересира

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

ВЛЕН: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?