ВЛЕН: Апасиев во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана

Од:

Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир. Да, добро прочитавте! Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН, велат од Вреди.

„Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење. ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на ВЛЕН.

Но, тие нема да можат да го спречат тоа. ВЛЕН е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: На Ахмети му пречи прекинот на врските со Србија!

ВРЕДИ: Артан Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

А1он

ВРЕДИ: Давор Мацура директно ги има купено акциите од сватот на Али Ахмети

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!