ВЛЕН: Албанците не се алатка, туку се ЗАКОН

Од:

Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година. Иако законот за ова прашање требаше да се донесе уште во 2003 година, со години беше оставен настрана од оние кои ова право го користеа само за пропаганда, полнење џебови и без храброст да го решат. По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, стана јасно дека ова прашање повеќе не може да се одржува со импровизации и половични решенија. Требаше закон. И денес, конечно, благодарение на ВЛЕН имаме закон, велат од ВЛЕН.

„Овој закон воведува ред таму каде што со години владееше нејасност, воспоставува механизми за спроведување и предвидува координативно тело, предводено од вицепремиер, како гаранција дека правото на Албанците за правична и соодветна застапеност повеќе нема да биде занемарено. Фактот што законот е изработен и во согласност со забелешките на Венецијанската комисија дополнително ја зацврстува оваа одлука.

Сега Собранието е на потег. Ова е момент кога секој треба да покаже дали е на страната на историјата. Повеќе нема место за лажен патриотизам. ВЛЕН не прави врева за правата на Албанците, туку ги претвора во закон. Албанците не се алатка, туку се ЗАКОН“, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети си напиша писмо сам на себе

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски