Владимир Змејковски ја повикува Владата да го одложи потпишувањето на договорот со Бугарија

Од:

Форумот на слободоумни патриоти ја повикува Владата да го одложи потпишувањето на договорот за добрососедство со Република Бугарија.

„За нас несфатливо е зошто договорот се усвојува по итна постапка и зошто истиот не е ставен на јавна расправа и не се овозможи сите релевантни фактори да дадат забелешки за истиот. Свесни сме за деструктивното делување на врхушката и за нивните опструкции, но тоа не дава алиби за ваквата ваша постапка. Сакаме да ви укажеме дека овој договор не се однесува на владеачкото мнозинтво, напротив овој договор се однесува на Македонскиот народ и неговата историја.

Според нас, според е делот во кој како држава се откажуваме од нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Република Бугарија, а кои немаат Македонско државјанство (член 11, став 5). Притоа зачудува фактот дека овој став е едностран, односно нема иста таква обврска и за Република Бугарија која во неколку наврати грубо се мешаше во судски постапки кои не се однесуваат на нејзини државјани, а се декларираат како Бугари“, се вели во соопштението, потпишано од Владимир Змејковски.

Според нив, спорен е и делот во кој некакви си комисии ќе ја преиспитуваат нашата историја. „Јавно прашуваме дали планирате од нашата историја да го избришите крвавиот настан во Ваташа или таа комисија ќе го забрани филмот “Трето полувреме”. Другите настани, кои и така се важни за Македонската историја и држава, нема да ги спомнуваме бидејќи не сакаме да го оптоваруваме ова соопштение. За нас формирањето на вакви комисии е спорно бидејќи нивното делување дополнително ќе ги оптовари и така отежнатите односи со нашиот сосед. Додека не е предоцна, одложете го потпишувањето на договорот и овозможете дебата во која ќе се произнесат сите засегнати страни“, повикува Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

(ВИДЕО) Рустеми: Не ме викнале на распит за надзорот на „Бехтел и Енка“, стојам на располагање на обвинителството

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on

Ковачевски: „Бехтел и Енка“ не сакаат договорот да биде достапен на пошироката јавност

A1on

Во Доха потпишан мировен договор со бунтовничките групи

А1он

Абазовиќ: Со потпишувањето на Темелниот договор се врти нов лист, градиме општество на еднаквост

А1он