Владејачкото мнозинство во комисијата за лустрација се однесува како инквизиција

Од:

Погрешна е проценката на владејачките партии дека може со политичко-партиска лустрација да ги покријат сите останати неуспеси и огромни штети од катастрофалните и погубните политики на Владата.

Стартот на примена на новиот Закон за лустрација уште еднаш ги потврдува нашите јавни сомневања.

Инструментализираната комисија за лустрација, по нарачка на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, ќе се пресметува исклучиво со политичките неистомисленици, создавајќи “реално шоу“, во кое со објавување на пикантерии и детали од досиејата ќе се направи обид за отргнување на вниманието на јавноста од поскапувањата на струјата, бензините, парното, рекордната сиромаштија и невработеност.

Уште еднаш сакаме да потенцираме дека лустрацијата се спроведува по закон и законски одредби кои еднаш веќе Уставниот Суд ги укина. Владејачкото мнозинство во комисијата за лустрација се однесува како инквизиција, на чие чело стои претседател чиј мандат е одамна истечен.

СДСМ не ги гласаше измените на законот за лустрација и нема да биде соучесник во бруталното рушење на Уставниот поредок, загрозување на човековите слободи и права и владеењето на правото.

Овој демонски циркус еден ден ќе помине, но за жал многу луѓе, многу човечки судбини ќе останат запечатени и анатемисани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ