Владата почнува со целосно обесштетување на поплавените

Од:

Почнува целосната исплата на оштетените лица во августовските поплави, одлучи Владата.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, исплатата ќе се реализира во неколку транши, овој и наредниот месец. Со првата транша вредна 118 милиони денари ќе бидат опфатени 947 предмети или 25 отсто  од засега утврдените четири илјади.

– Граѓаните да бидат сигурни дека Владата ќе го реализира ветувањето дадено во август и ќе ги обесштети сите што беа зафатени од поплавите, нагласи Ѓорѓиев на прес-конференција.

Според него, првата транша би требало да се реализира до крајот на оваа недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он