Владата оддаде почит на загинатите бранители на Карпалак

Од:

Во име на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, денеска, положувајќи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, оддаде почит и учествуваше во одбележувањето на 19-годишнината од за загинувањето на десетмината припадници на резервниот состав на Армијата во оружениот конфликт во 2001 година.

Пред спомен обележјето посветено на прилепските бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, венци со свежо цвеќе положи и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, делегации на прилепската локална самоуправа, претставници од составот на резервните воени обврзници, членови на семејствата и пријатели на загинатите.

Споменот и одбележувањето на годишнината од смртта на десеттемина армиски резервисти започна синоќа во Прилеп, каде во име на Владата на Република Северна Македонија, советникот на претседателот на Владата, Драган Василевски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште.

Би можело да ве интересира

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак, нивното дело и пожртвуваност се памети

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Десетмината прилепски бранители убиени кај Карпалак загинаа за татковината