Владата на РМ на својата интернет страница објави нови документи и информации

Од:

Владата на Република Македонија на својата интернет страница објави нови, десетици документи и информации, кои се однесуваат на работата и активностите на Генералниот Секретаријат, канцеларијата на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, заменик Претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, како и за неколкуте министри без ресор во рамките на Владата на Република Македонија.

На интернет страната на Владата, за прв пат, се достапни буџетите од минатата и од оваа година, ревизорски извештаи, планови за набавки, листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси, правилници за систематизација на работните места, правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на институциите, листа на информации од јавен карактер, органограм за внатрешната организација, како и календар на настани.

Посочените документи се достапни во категоријата „Информации од јавен карактер“, на официјалната страница на Владата на РМ – www.vlada.mk, и на веб страните на одделните министерства.

За потсетување, на својата 34-та седница Владата ги задолжи сите министерства на своите интернет страници да ги објават ваквите и слични документи и голем дел од нив веќе се јавно достапни.

Во прилог ви испраќаме линк до сите нови документи и информации објавени на интернет страната на Владата на Република Македонија. Во исто време потенцираме дека бројот на документи кои ќе бидат достапни за сите, постојано ќе расте.

Линк: http://vlada.mk/InformaciiJavenKarakter

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски