Владата ќе штити од лошото влијание на интернетот

Од:

Владата најави проект за заштита на децата и младите од нелегални и штетни содржини на интернет, кои се опасни за нивниот правилен развој.

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев информираше дека проектот ќе се развива во четири клучни правци.

„Владата сериозно ќе се насочи кон активности за сузбивање на овие штетни појави кои ги загрозуваат децата и младите, нивниот развој, нивните вредности и поведение. Очекуваме силна поддршка од целото општество, од граѓанскиот и бизнис-секторот, од медиумите, од родителите, од секој граѓанин. Ова е исклучително значајна работа и ние како држава и општество очекуваме да оствариме успех во нејзиното превенирање и искоренување на штетните влијанија“, рече Ѓорѓиев.

Во Кривичнниот законик на РМ постојат 38 кривични дела што може да се сторат на интернет, како детска порнографија, онлајн додворување и демнење и говор на омраза. Според истражувањата, скоро две третини од содржините на интернет може да бидат штетни за децата и младите, меѓу нив се промовирање самоубиство, булимија или анорексија, промовирање употреба на алкохол, дрога и други наркотични средства, нанесување штета на самите себе, откривање лични податоци, сајбер малтретирање, специфични ризици кои се однесуваат на мобилните телефони, зависности.

Според Ѓорѓиев сериозноста на проблемот се гледа и што за помалку од една година од Македонија се регистрирани околу 403 ИП-адреси кои симнале 4.323 различни документи со детска порнографија. Со пребарување на зборот „тепачка“ и „ќотек“ се постирани повеќе од 300 видеоклипови со потекло од Македонија.

Преку 25.000 видеоклипови на интернет се со ксенофобична или националистичка содржина. Повеќе од 300 видеоклипови со содржина за малтерирање се поставени на интернет. Имало и над 41 милиони изрази на пцости и лоши зборови напишани со кирилично писмо и околу 106 милиони такви изрази со латинично писмо.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски