Владата ќе ги заштитува меаните

Од:

Владата со закон ќе ги заштитува меаните. Ќе ја прошири листата на угостителски објекти што традиционално ја отсликуваат македонската народна кујна.

За добивање на ознаката „Национален ресторан-меана“, угостителскиот објект ќе треба во листата за јадења да понуди најмалку 70% домашни традиционални јадења, додека кај вината и пијалоците 80% треба да бидат домашни вина и други пијалоци.

Надворешното и внатрешното уредување на угостителскиот објект треба да содржи мотиви од домашната традиционална култура. Персоналот треба да носи облека на која ќе има апликации и мотиви од традицијата, како везени кошули или соодветна наметка со народни везови, додека музиката која ќе се изведува треба да биде изворна и чалгиска, со акустичен звук.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски