Владата го утврди текстот на Предлог – законот за нуспроизводи од животинско потекло

Од:

Владата го утврди и текстот на Предлог на Закон за нуспроизводи од животинско потекло, предложен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што известува Владата, целта на овој закон е обезбедување високо ниво на заштита на јавното здравје и здравјето на животните, како и заштита на безбедноста на ланецот на храната и храната за животните.

Со законот, според посоченото од ресорното министерство, се уредува постапувањето со нуспроизводите од животинско потекло и производи добиени од нив преку утврдување на начинот на собирањето, транспортот, отстранувањето, постапката, преработката, обработката, претварањето, складирањето, ставањето во промет, дистрибуцијата, употребата и нештетното отстранување на нуспроизводите од животинско потекло и производите добиени од нив. Со законот се врши усогласување со Регулатива на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?