Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година

Од:

Владата на Република Северна Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 – 2027 година.

Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот.

Имајќи во предвид дека насилниот екстремизам и тероризмот се комплексни безбедносни проблеми кој не препознаваат граници, култури, религии или етнички групи, феномени кој не засегаат сите нас и е потребен широк општествен и интегриран одговор, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во подготовката на стратегиите вклучи различни општествени чинители. Активна улога зедоа претставници на државните институции, верските заедници, академската заедница, граѓанскиот сектор и медиумите, соопштува Владата.

Главниот фокус е ставен на спречувањето на радикализацијата која води кон тероризам, јакнење на институционалните капацитети за борба против овие појави, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на државата и граѓаните почитувајќи ги основните човекови права и слободи, пропишани во домашното и меѓународното право.

Текстовите на двете национални стратегии и акциски планови се целосно усогласени со стратегијата за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Организацијата на обединетите нации и европските стандарди за изработка на ваков тип на документи, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада