Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Од:

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и согласно законските одредби ќе ги достави до Советот на јавни обвинители, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митева појасни дека Собранието на Република Северна Македонија ја информирало Владата за завршување на огласот за Јавен обвинител.

– Собранието ја информираше Владата за завршуавње на огласот за Јавен обвинител. Ги достави петте кандидати, добро познати на јавноста. Владата донесе заклучок согласно законските одредби кои што и стојат на располагање да ги достави до Советот на јавни обвинители, кој има рок од 15 дена да и одговори на Владата, односно да испрати мислење, рече Митева.

Според неа, по завршување на сите формално-правни состојби следните денови ќе биде доставена до Советот за јавни обвинители.

Од собраниската прес-служба не ги откриваа имињата на кандидатите, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

На местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова-Исајловска како в.д. државен јавен обвинител, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски