Владата донесе Акциски план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година

Од:

Владата денеска на седица ја усвои Информацијата за работата на Советот за управување со јавни финансии со Нацрт – годишен извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2019 година, за периодот јануари 2019 година – декември 2019 година, и го усвои Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година.

Како што информираат од владината прес-служба, Владата ги задолжи Министерството за финансии, Министерството за економија, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки и Државниот завод за статистика, а им препорача на Државната комисија за жалби по јавни набавки и Државниот завод за ревизија да ги реализираат активностите од Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година согласно планираната динамика и за истото да ги обезбедат потребните ресурси (материјално – технички, човечки и финансиски).

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места