Влада на РМ:Појавувањето на Бесими во Слупчане е приватна посета

Од:

Владата нема донесено одлука за одбележување на настанот во Слупчане, ниту има испратено официјална владина делегација на тој настан.

Како што соопшти  владината прес служба, овој настан за Владата нема никаков официјален карактер, ниту државен третман.

„Од овие причини и врз основа на законите, појавувањето на лица кои во моментов се членови на Владата на овој настан, за Владата има третман на нивна приватна посета на приватна комеморација, зашто ниту Владата ги испратила на таков настан, ниту им дала овластување на тој настан да ја претставуваат, ниту да зборуваат во име на Владата, ниту настанот има официјален државен карактер“ стои во соопштението на Владата.

„Појавувањето на определени лица на тој настан и она што било истакнато од определени лица на тој настан во поглед на појавувањето или за друг аспект, не ги одразува политиките и позициите на Владата, и не може да се става во корелација со официјални ставови и погледи на Владата“, се вели во соопштениетоа.

Владата, велат,  го поддржува развојот на мултиетничкото општество и работи во таа насока, н и истовремено цени дека градењето доверба меѓу заедниците не може да се остварува ефективно со изолирани настани кои немаат широка поддршка во јавноста, како и со ставање определени настани во функција на политичко-партиска агенда. Напротив, може да се остварува со широко прифатени активности кои нема да ги повредат или злоупотребат чувствата на граѓаните или основите на државно правниот развој.

Владата, се вели во соопштението, не ги прифаќа обидите за политизација на овој изолиран настан кој не ја одразува владината политика во партиски пресметки. Воедно информира дека функциите на државата во општествениот, политичкиот, економскиот и безбедносниот систем се исполнуваат соодветно и единствено и нема никаква потреба од загриженост на граѓаните од овој аспект.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски