• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Влада: Честите контакти и средби на високо ниво со Бугарија водат кон приближување на позициите

by А1он03/11/2020 - 14:40257
Share0

Благодарни сме што Германија како претседавач со ЕУ покажува засилен ангажман за исполнување на заедничката цел: одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Северна Македонија, како значаен сигнал за целиот регион и за кредибилитетот на ЕУ, што е во интерес на сите.

Добивај вести на вибер

Ова се наведува во ставот, со кој излезе денеска Владата по вчерашната средба во Берлин на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Средбата беше на покана на министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот, како претставници на земјата, која е актуелен претседавач со ЕУ, а која повеќе пати досега напомена дека нејзина цел е првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ да се одржи до крајот на декември.

Владата нагласува дека честите контакти и средби на високо ниво се во функција на поголемо разбирање со соседна Бугарија и додава дека овие комуникации водат кон поголемо разбирање, кон зајакнување на довербата и кон приближување на позициите.

– Го почитуваме и посветени сме на Договорот од 2017 година кој нуди рамка и инструменти за менаџирање на билатерални прашања, нагласува Владата и додава оти верува дека историските прашања кои се дел од заедничката историја може да се решат низ Комисијата за историски и образовни прашања, како и дека решенијата ќе ги јакнат пријателството и соработката меѓу двете земји.

– Убедени сме дека нашите три цели: грижата за националниот интерес и правото на самоопределување на македонскиот народ, нашата европска иднина и отворањето на пристапните преговори со прва меѓувладина конференција во декември и добрососедски односи врз основа на взаемно разбирање и почитување не само што не се спротивни една со друга, туку се целосно компатибилни, нагласуваат од Владата.

bugarija dogovor

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 14:12

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 13:56

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Катерина Ѓуровски21/10/2025 - 08:20

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 14:56

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски02/10/2025 - 14:1002/10/2025 - 15:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен