Вкупно 27 сообраќајни незгоди се случиле на подрачјето на СВР Скопје во текот на изминатите два дена, во кои едно лице загина, четири се здобиле со тешки повреди, а 10 се полесно повредени. Во 14 од сообраќајките е регистрирана материјална штета.
Како што соопшти МВР, во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се и поголем број прекршоци, меѓу кои три поминувања на црвено светло на семафорите, некористење сигурносен појас или користење мобилниот телефон, 15 пешаци сториле прекршоци по разни основи, а затекнати се и 12 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.
Со помош на специјалното возило Пајак, биле отстранети 43 возила.