Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Од:

Основниот кривичен суд Скопје, денеска јавно ја објави првостепената пресуда за предметот со К.бр. 817/11 од обвинителството означен како „Маџар телеком“ против обвинетите А.И.С., Р.П. и З.К. на кои им се судеше во отсуство со оглед дека не беа достапни за органите на прогон.

Како што е објавено на веб страницата на Основниот суд Скопје 1, согласно пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ од чл. 353 – в ст.4 в.в. со ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ и се осудуваат на казни затвор од по осум години за секој од обвинетите.

Воедно, со пресудата, обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Репбулика Северна Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје, наведуваат од Основен кривичен суд Скопје.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа во 2016 година случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Золтан Кешиус, кои беа осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на државата.

Би можело да ве интересира

Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Ана Ололовска

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Титаник“, „Титаник 3“ и „Маџар телеком“

Ана Ололовска

Нови рочишта за Титаник, Т.Н.Т., Ласкарци и Маџар Телеком

Ана Ололовска

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено за 28 ноември

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Монструм“, „Маџар Телеком“ и „Т.Н.Т.“

Ана Ололовска