Советничката на Град Скопје – Ирена Витина на Фејсбук напиша дека работата на дивоградбата се одвива непречено, пред очите на Министерството за внатрешни работи, без никаква интервенција и без реакција од други институции.
„Овој случај уште еднаш го отвора прашањето каде се институциите и зошто не постапуваат? МВР, државната градежна инспекција на министерството за транспорт и општинските градежни инспекциски служби на општина Чаир имаат законска обврска веднаш да го спречат понатамошното незаконско градење и да обезбедат соодветна одговорност за сите инволвирани“ – напиша Витина.
Алармира дека граѓаните имаат право на уреден, безбеден и законски регулиран простор.
„Толерирањето на небезбедни дивоградби, особено кога тие се градат и по официјално поднесени пријави, е директно кршење на правниот поредок и ја поткопува довербата во институциите. Се потврдува изјавата на еден од полициските службеници каде бевме вчера скоро 3 часа во полициска станица Кисела Вода, дека на определена територија во општина Чаир немаат никаква моќ на постапување“, пишува Витина на ФБ.