ФОТО: Виничанецот Душан Чимев го фати крстот во Скопје

Од:

Дваесет и двегодишниот Душан Чимев од Виница успеа меѓу 120 учесници да го фати крстот во водите на Вардар, што напладне од мостот кај „Холидеј ин“ го фрли архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

VODICI 2015 (2)

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан пред чинот на осветување на водите на реката Вардар, рече дека овој чин, не потсетува на настанот во јорданските води, но и на дадената можност преку водата и крштавањето повторно да се родиме и да бидеме со Бога. Овој чин, додаде тој, е прв услов за влез во светата црква.

VODICI 2015 (3)

– Госпот Исус Христос се крстил на денешен ден и со тоа на величенствен начин ја започнал својата мисија. Тој настан веќе два милениума е причина зошто христијанските народи меѓу кои и ние православните Македонци на свечен начин го одбележуваме празникот богојавление, рече  г.г. Стефан.

VODICI 2015 (1)

Церемонијата почна со богојавленската литургија во 9 часот во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, а потоа поглаварот на МПЦ со свештенослужителите дојде на мостот на Вардар и ги освети водите на реката.

За безбедност на верниците во вода ќе грижеше специјалната единица на Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст на Град Скопје. За безбедноста на копно беа ангажирани полицајци, како и лекарска екипа на Брзата помош.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Тој важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он