Виничанец извршил полов напад врз малолетничка

Од:

Во Полициската станица Виница, 33-годишна жена од Штип, која во моментот непријавено престојувала во Кочани, вчера пријавила дека А.Х. (22) од Виница, со кого живее во вонбрачна заедница, извршил полов напад врз нејзината 10-годишна ќерка.

– По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и работник од Центарот за социјални работи Виница, по барање од Јавен обвинител, врз девојчето бил извршен преглед во Општа болница Кочани. При прегледот било констатирано дека постоел полов контакт. А.Х. изјавил дека повеќе пати, без присилба, со волја на девојчето имале сексуални односи, соопшти МВР.

А.Х. бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ по член 188 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски

Радовишанец силуваше малолетно девојче

Горан Наумовски

Двајца мажи силуваа 32-годишна познаничка

Горан Наумовски

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он