Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. И податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце викендов влегле над 36 илјади македонски државјани.
– На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10:00 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10:00 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 16.084 лица а ја напуштиле нашата држава 7.720 лица, соопштија од МВР.
Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
