Викендот во Скопје во 21 сообраќајка, 20 повредени, две лица го загубиле животот

Од:

На подрачјето на СВР Скопје во текот на изминатите три дена се случиле 31 сообраќајна незгода, во кои се повредени 20 лица, а две го загубиле животот.

Сообраќајната полиција на 11. март – петок извршила увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, три се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобило три лица.

Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.
Како што информираше за МИА, Драган Вељаноски од СВР-Скопје, се случила и една незгода со загинато лице во 09,45 часот на бул.„Гоце Делчев“ на мост Гоце Делчев помеѓу патничко моторно возило „Фиат Пунто“ и патничлко моторно возило „Цитроен“ и двете возила со скопски регистарски таблици управувани од граѓани од Скопје.

На 12. март – сабота извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета, четири со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил возач на патничко моторно возило.

Од страна на сообраќајната полиција на 13. март – недела извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, во кои четири се со последици материјална штета, четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица. Се случила и една незгода во која еден пешак се здобил со тешки телесни повреди.

Би можело да ве интересира

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје

А1он

СВР-Штип регистрира пет сообраќајни несреќи за едно деноноќие

Ана Ололовска

Изминатиов викенд 34 сообраќајки во Скопје, четири лица тешко повредени

Ана Ололовска

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Косово: Петмина загинати во три сообраќајки во едно деноноќие

А1он