Викендот во Скопје 20 сообраќајки, 15 повредени

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои девет се со последица материјална штета, 10 се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле 14 лица и една со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист.

Сообраќајната полиција во понеделникот извршила увид на 12 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист.

Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 12 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената и четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол

Затекнати се 12 нерегистрирани возила, 11 возачи без возачка дозвола, 26 непрописно паркирани возила и пет пешаци кои сториле прекршоци по различни основи.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие два дена отстранети се 61 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје

А1он

СВР-Штип регистрира пет сообраќајни несреќи за едно деноноќие

Ана Ололовска

Изминатиов викенд 34 сообраќајки во Скопје, четири лица тешко повредени

Ана Ололовска

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Косово: Петмина загинати во три сообраќајки во едно деноноќие

А1он