Последнава година се случуваа многу работи кои ги одвратија луѓето од старата скопска чаршија, од преку 20 кафулиња во чаршијата, функционални се само неколку. Дали некому му пречеше собирање на луѓе кои најдоа збирно место за своите идеи и каде не беа важни разликите меѓу нив?
Ова беше тема на дискусијата “Како да ги задржиме и развиеме духот и функцијата на Старата скопска чаршија?” на која своите ставови и искуства ги изнесоа Мухедин Брана, претседател на здружението Еснаф, и сопственичките на кафулето “Дамар“ Арта Кули и Анжелика Апсис.
-Карактеристиката на скопската чаршија е обединетоста во различноста. До пред три години чаршијата немаше светло, молевме по амбасади и тоа го средивме. Поставивме рампи, ја претворивме во пешачка зона. Во чаршијата се врати живоста, кога зборуваме за младите-било каде во Скопје после 24 часот има проблем со бучавата, во чаршијата никогаш немало таков проблем. Но не можеме со политката да се размереме-ние бараме да се направи добра анализа, не може парцијално да се работи во чаршијата. Добиваме архитектура на метри квадратни, дуќани, излози на метри квадратни. Ние бараме да се вклучат од граѓанскиот сектор, бараме широка меѓуресорска соработка, да се направи еден единствен план за чаршијата и да се сочува автентичноста на чаршијата, не може на некој министер да му дозволам, видел нешто некаде, па ајде и овој излог така ќе го правам, рече Брана.
Анжелика Апсис со став дека чаршијата нема никаква лоша меморија, меѓуетнички конфикти.
-Дваесет години чаршијата беше замрена поради реконструкцијата на Камениот мост, тоа беше економски трик за да се врати народот во ГТЦ, тогаш се отвори Капиштец трговскиот и тоа беше еден стратешки бизнис план за замрување на Мавровка и целата чаршија.
Секогаш еснафот ја држи чаршијата жива, политичарите се вклучуваат само кога има профит. Сите градоначалници досега сносат одговрност за се што се случува во чаршијата. Таму е најубавата егзотика кај нас. Законите во чаршијата не важат за сите, нашиот “Дамар“ е малтретиран редовно од полиција, не можеме повеќе да работиме. Од сите градоначалници беше гарантирано дека може да работиме колку сакаме, само да се вратат луѓето во чаршијата, а кога се вратија луѓето почнаа да доаѓаат инспекции и полиција. Чаршијата сега е масакрирана, повеќе не се гледа ни Калето од тенди, има покриени простори кои не личат на ништо, рече Апсис.
Арта Кули истакна дека имале идеја и намера да се потвори убавата младост која ја живееле со луѓе од разни етникуми, каде немало разлики и луѓето се почитувале.
-За жал сите катастрофи, земјотресот не ја оштетија чаршијата како што сега се урива автентичност со нови објекти. Ние не променивме ниту едно стакло од нашиот излог за да остане како што било со векови. Кога одлучивме да отвориме локал во чаршија сите беа зачудени, зашто се појавија две девојки од другата страна на градот, но ни помогнаа сите еснафи од чаршијата, секаква помош, наидовме на многу добар прием, реч Кули.