Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, Франција, организираа презентација на заедничкатата видео-порака против дела од омраза од младите во Франција и од Македонија.
– Младите ја изработија пораката против делата од омраза и насилство за време на оддржувањето на 34. Школа за млади и човекови права со фокус на дела од омраза на етничка и религиозна основа, рече Јасмина Голубовска од Хелсиншки комитет
За искуствата од школата говореа учесници и од Франција и од Македонија, кои меѓу другите активности, имале можност да се сретнат со жртви на злосторства од омраза.
– Ние живееме заедно во иста држава, но всушност живееме одвоено. Злосторства од омраза се случуваат затоа што не се познаваме меѓусебно. Надминувањето на недовербата кон различностите е возможно зашто е полесно да се сака отколку да се мрази, рече Леа Огњaновска, учесничка во школата.
Учесничката од Франција рече дека во Македонија е поразлично бидејќи Франција има силен граѓански концепт, а во Македонија изразени се правата на различните етнички заедници. Таа се решила да се пријави на оваа школа што се одржа во август, минатата година во Скопје, бидејќи, сакал да дознае повеќе за злосторствата од омраза и за различните култури.
Основна разлика меѓу Македонија и Франција, е што за злосторствата сторени од омраза во Франција се постапува ригорозно, додека во Македонија иако има законска рамка и доволно закони – тие едноставно не се применуваат.
А.Б.