Полициски службеници од СВР Скопје го уапсија А.Г.(35) од скопското село Кондово, затоа што вчера околу девет часот во селото, со употреба на бензин, опожари возило „мерцедес“, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово.
СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.