(ВИДЕО) Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од проектот Пустец

Од:

Андреј Жерновски, ветува во недела ќе биде финале на изборниот маратон во Центар. Укажа на невидениот скандал со вметнатите гласачи од Пустец

„Го повикувам ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од проектот Пустец. Сите сакаме позитивен извештај од Брисел и затоа ни требаат фер избори. А изборниот процес го компромитира и ова со Пустец“, рече Жерновски.

Посочи дека неговиот против кандидат Владимир Тодоровиќ го нема од политичката сцена 12 дена.

„Дознавме и се израдувавме дека Тодоровиќ, за денеска закажал прес конференција, но веднаш потоа ја откажал. Ова е крајно некоректен потег. Ваков градоначалник не заслужува Центар. Заслужуваат фер трка во која ќе победи подобриот“, рече Жерновски.

Ги замоли жителите на Центар масовно да излезат на гласање во недела и да ја потврдат вољата на граѓаните.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија