(ВИДЕО) Заев од Неапол: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Од:

Премиерот Зоран Заев заедно со делегацијата учествуваше во истражувачка турнеја на НАТО. Заедно со премиерот на носачот на авиони на американската морнарица беа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Претседателот на Собранието, Талат Џафери, каде што остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.

„Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО Алијансата.“, напиша Заев на „Фејсбук“.

„Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација.

Северна Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност. Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30та полноправна земја членка на НАТО.“, додаде Заев.

Адмиралот на морнарицата на САД, Џејмс Гордон Фого III, командант на поморските сили на Соединетите држави во Европа и Африка и командант на сојузничките командни сили во Неапол, ги поздрави делегациите на носачот на авиони Хари С. Труман.

Хари С. Труман е осмиот носач на авиони на морнарицата на Соединетите држави, именуван по 33-от претседател на Соединетите држави, Хари С. Труман.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски