ВИДЕО: Забрането снимање на седницата на Уставниот суд

Од:

Зошто се забранува снимање на седницата на Уставниот суд и дали тоа претставува нејзино затворање за јавноста, прашаа новинарите на почетокот на денешната седница на Уставниот суд, откако судот донел одлука единствено новинарите да можат да присуствуваат, но не и снимателите.

Претседателката на Уставниот суд Елена Гошева ги отфрли обвинувањата дека затворањето на седницата за сниматели претставува нивно бркање.

– Тоа вие така мислите. Ние сакаме да работиме во атмосфера во која ќе нема никакви пречки. Сакаме во текот на дебатата да работиме мирно. На снимателите им е дозволено да снимаат инсерти на самиот почеток – изјави Гешова.

Таа секак избегна да одговори на прашањето дали ваквата одлука на судот е донесена колективно или пак индивидуално.

Новинарите револтирано ја напуштија седницата, велејќи дека без снимки и тонски парчиња од седницата, тие не можат да работат.

Ова е втор пат како Уставниот суд не дозволува снимање. Претходно и новинарите и снимателите без никаков проблем присуствуваа на седниците.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска