(ВИДЕО) За вулгарни пораки на Фејсбук во затвор – сексуално вознемирување е кривично дело

Од:

Испраќање перверзни пораки на Фејсбук или други социјални мрежи, недолични коментари, непристојни понуди или фотографии, отсега се кривично дело и во Македонија и за нив ќе се оди во затвор.

Сексуалното вознемирување,  но и новото дело ,, демнење” (Eng – stalking) од овој месец ќе може да го гонат обвинителите.

Кога и кого можете да пријавите, кои докази треба да ги имате и како ќе оди постапката, детално во интервјуто со обвинителката Спасенка Андонова од ОЈО Скопје.

„Полово вознемирување“ Член 190-а
(1) Тој што со вербално, невербално или физичко дејство, како и преку користење електронски средства за комуникација кое имаат директно или индиректно, реално или симболично значење на наведување, непристојна понуда, намамување, изразување сексуална страст или друго дејство кое јасно потсетува на сексуален однос или други со него изедначени сексуални дејства, и со тоа ќе го повреди неговото достинство, предизвикувајќи чувство на непријатност, навреденост, понижување или страв, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година

„Демнење“ Член 144-а

(1) Тој што повторено неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во простороткаде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на не-
сигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Татко ја силувал малолетната ќерка во Скопје

А1он

23-годишен битолчанец нападнал и се обидел да силува две девојки

Силувал 20-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница

А1он

18-годишно момче од Скопје силувало 20-годишна девојка

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски