ВИДЕО: За да потсети на голготата на настраданите во Кочани, момче се залепи за бандера во Скопје

Од:

„Сапорт Кочани“ денеска направи герила акција на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со цел да допре до оние кои раководат со државата, бидејќи, како што велат тие, донациите се намалуваат, а семејствата на оние кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ имаат потреба од пари за да продолжи лекувањето на децата.

„Се обраќам до големите луѓе на оваа држава. Уште што треба да ни се случи за да сфатите дека Кочани постои? Толку ли брзо не заборавивте? Пред некој ден си дојдоа деца без прсти. Тие деца ќе живеат без раце цел живот. Ако не за друго, за нив направете нешто“, рече Мартин, стоејќи сам во центарот на главниот град, симболично „врзан“ – како што рече, онака како што е врзан духовно.

Мартин сведочи и за лична загуба: пет негови другари загинале во пожарот во дискотеката „Пулс“.

„Ако ништо не се преземе, ќе биде само полошо. Ме прашуваа дали ме е срам што ќе бидам врзан. Јас сум и онака врзан – со срцето и со судбината за тој град. Немам каде да одам. Морам да живеам во Кочани, морам нешто да направам за тој град“, додаде тој.

Апелот на Мартин не беше само личен – беше крик за правда, за внимание, за достоинство. Кочани, велат тие што го чувствуваат секојдневно, предолго е маргинализиран. Овој чин е обид да се разбуди општеството.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски