(ВИДЕО) Вангели: Потегот на Заев е храбар и мудар

Од:

Активистите од #Протестирам по неколку недели повторно излагоа на улиците, нивната цел е како што велат, е да им се даде глас на граѓаните и да и се укаже и на домашната и на меѓународната јавност дека општествената ситуација во Македонја е – народот против една корумпирана авторитарна врхушка на власта и не се работи само за конфликт помеѓу политички партии.

– Нашите барања се оставка на целата влада на чело со Груевски, нивна правна одговорност и враќање на украденото. Втората наша порака е изрзување поддршка на сите оние кои беа неправедно уапсени а некои и осудени во протестите од 5 мај натаму. И нашето трето барање е дека не смее да се случи само козметчка измена на власта, туку мора да следат суштински, системски промени кои што ќе ги санкционираат сите оние проблеми што досега дозволија да дојдеме до ова дереџе, рече Анастас Вангели активист од #Протестирам.

Тој за одлуката на Заев да не оди во Брисел смета дека е мудар и храбар потег.

-Информациите што доаѓаа до нас, укажуваа дека се работи за една нефер, несиметрична ситуација и дека повеќето решенија воделе кон тоа Груевски да остане на власт. Мислам дека консенсузот помеѓу сите сли во општеството, сите граѓани е дека Груевски не треба да остана на власт, рече Вангели

Според Дејан Лутовски е дека без оглед на преговорите, пресудна за промената на власта е протестната култура и свест на граѓаните.

– Не треба ситуацијата да ја оставиме во рацете на некои европски бирократи или на политичките џинови, туку треба граѓаните секој ден да бараат одговорност, рече тој

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ