Советниците од Коалицијата Сојуз за иднината ја напуштија седницата на Советот на Општина Штип. Укажаа дека власта повторно удира по неистомислениците
На удар се вработените во јавните институции кои чесно си ја вршат својата работа, но не мислат како актуелната власт. На удар се вработените на Исар, кои се членови на СДСМ или го подржаа револтот на опозицијата и граѓаните. Од друга страна се реализираат вработувања на луѓе блиски до ДПМНЕ? Дали се потребни овие вработувања? Доаѓа крај на вашето самоволие и диктатура. Доста го делевте македонскиот народ, рече Тони Вацев.