ВИДЕО: Уапсен скопјанец за оштетувањето на стаклото на бугарската амбасада

Од:

54-годишен скопјанец е приведен денеска како осомничен за оштетувањето на стаклото на влезот на бугарската амбасада во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во информацијата од МВР.

За случајот имаше реакција и од бугарското министерство за надворешни работи и од амбасадорот Желјазко Радуков.

Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди нападот, кој го дефинираше како неприфатливо посегнување по статусот на дипломатската мисија и грубо кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Не сум сигурен дали нападот е резултат на најновата ескалација на говорот на омраза и манипулацијата со вистината, дипломатски кажано, на тема Бугарија, што се случува со децении. Оваа акција го проширува кругот на потенцијални сторители на вакви напади. Дали лицето се чувствувало охрабрено од овој говор во последните недели или пред него – во овој случај е неважно. Проблемот е што бројот на луѓе како него постојано се зголемува како резултат на овој намерно создаден наратив“, рече и бугарскиот дипломат.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голелм обем, вели Муцунски.

Би можело да ве интересира

Муцунски за инцидентот пред Бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неказнивоста ги охрабрува нападите, обвинува Радуков по скршениот прозорец на бугарската амбасада

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Оштетени две возила на бугарската Амбасада во Скопје