(ВИДЕО) Трајанов: Груевски бега од соочување со мене и Пендаровски, во четворка ќе го пречека Богоевски

Од:

Граѓаните бараат промени за законите да важат за сите подеднакво и за да може креаторите да одговараат и да започне процес на стабилизација и на економски развој во Македонија. Нема да се смириме додека нема правда, нема да дозволиме со изборите да се покрие масовното прислушување и газењето на основните човекови права и слободи, рече носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во изборна единица 1, Павле Трајанов.

– Деновиве слушам дека некој сакал да избега од избори, им порачувам на тие што раководат со ВМРО-ДПМНЕ, нема бегање од народот, мора да се соочат со народот. На 11 декември мора да го признаат и прифатат поразот, народот нив ќе ги порази. Слушам дека Никола Груевски сакал да бега од Скопје, не сака да се соочи со мене и Стево Пендаровски, сакал да бега во четвртата изборна единица, но таму ќе го пречека Слободан Богоевски и уште полошо ќе помине, рече Трајанов.

Тој истакна дека Коалицијата нема да дозволи да се поркие грабежот на народот со стотици милиони евра и дека парите ќе се вратат кај граѓаните.

– Ветувам, ако ја добиеме власта ќе се справиме со мафијата која што ја изеде Република Македонија и ќе ги натераме парите да ги вратат на граѓаните. Наши приоритети се влез во ЕУ и НАТО. Ние сме сигурни затоа што имаме знаење, искуство и кадри Македонија во наредните 4 години да ја внесеме во ЕУ и НАТО, нагласи Трајанов.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Ќе се случат промени во Република Македонија

Ана Ололовска

Трајанов: Дојде крајот на режимот, не ви се плашиме!

Предраг Петровиќ

Коалицијата за Промени и Правда: Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

Ана Ололовска

Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне

Ана Ололовска

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Образованите ни ги земаа како „алва“ за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска…

Ана Ололовска

Делов: Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за доброто на Македонија

Ана Ололовска