(ВИДЕО) Трагедијата во „Пулс“ влезе во судница: Пет месеци или пет години, нема гаранции колку ќе трае

Од:

Почна процесот за најголемата трагедија во поновата македонска историја. Сите обвинети денеска се појавија на првото рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој имаше 63 жртви и околу 200 повредени.

– Секое одложување мора да биде потврдено, на пример медицински, ако не е веродостојно ќе има казни. Гарантираме дека се ќе биде транспарентно. Имајќи го ова предвид, ве молам, ако можете сами да се организирате, барем да присуствува по еден претставник на семејството на рочиштата. Не можеме да гарантираме брзина, за да не се направат грешки и случајот да пропадне. Никој не знае колку време ќе трае процесот, дали пет месеци или пет години. Ако правиме сè редовно, нема да го одложуваме процесот за да се добие правда, изјави судијката Дијана Груевска-Илиевска на почеокот на судскиот просец за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.

Рочиштата за овој случај се одржуваат во судницата на КПУ „Идризово“.

Покрај другите обвинети, и сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко беше спроведен од притвор.

Трагедијата се случи на 16 март годинава, а загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Обвинети се 35 луѓе и три правни субјекти за Тешки дела против општата сигурност, за кое нема доживотна казна затвор, туку максимална казна до 20 години. Меѓу обвинетите се и поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори и одговорни лица во фирмите поврзани со ноќниот клуб.

Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Судењето за „Пулс“ одложено, обвинителката Андонова вели – постапките продолжуваат без застој

Одложено e судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“